top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Спајк Ли ја менува последната епизода од серијата за 9/11

26.08.2021 Avgust Cetvrtok

Режисерот Спајк Ли соопшти дека ја премонтира последната епизода од неговата документарна серија за 9/11, откако призна дека верува во теоријата на заговор дека кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк биле демолирани во контролирана експлозија. „Се враќам во просторијата за монтажа и го гледам осмото и последно поглавје од ‘Њујоршки епицентри 9/11/2021½’. Со почит ве замолувам да го задржите вашето мислење додека не ја видите конечната верзија“, гласи изјавата на Ли објавена на ексклузивната платформа на „Ејч-би-о“. Документарецот пренесува ставови на експерти кои внимателно ги проучуваа нападите на 11 септември, вклучувајќи го и С. Шиам Сандер, кој водеше долга истрага за Националниот институт за стандарди и технологија и кој ги разоткри теориите на заговор за терористичките напади. Последната епизода, која ќе се емитува на 20-годишнината од нападите, вклучува неколку членови на „Архитекти и инженери за вистината за 11 септември“ – група која сугерираше дека владата на САД е вмешана во колапсот на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година. Во интервју за „Њујорк тајмс“ во понеделникот, Ли призна дека верува оти облакодерот „Светски трговски центар 7“ не можел да се сруши од топлината и дека изгледа како внатрешно уривање. Критичарите тврдат дека аргументите на теоретичарите на заговор и научниците не треба да бидат презентирани на јавноста како да се во иста сфера на експертиза. Но, Ли ја бранеше содржината на својата серија, велејќи дека гледачите имаат право да слушнат аргументи од двете страни. „Мојот пристап е да ги донесам информациите во филмот и да ги оставам луѓето сами да одлучат. Ја почитувам интелигенцијата на публиката“, рече тој. Документарецот вклучува и интервјуа со њујоршки политичари, како сенаторот Чак Шумер и градоначалникот Бил де Блазио, заедно со разни здравствени работници, пожарникари и активисти.




1 view

Comments


bottom of page