top of page
Search

(Видео) Со драматична музика и солзи во очите Трамп пречекан по обидот за атентат – се појави со завој на увото

17,07.2024 Juli Sreda

Два дена по повредата во обид за атентат, поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, се појави на републиканската национална конвенција во Милвоки, поздравен со громогласен аплауз и ентузијазам од неговите поддржувачи.Трамп имаше завој на десното уво откога беше застрелан во саботата на митинг во Пенсилванија, а ова беше негово прво појавување во јавноста по атентатот.СВЕТ(Видео) Со драматична музика и солзи во очите Трамп пречекан по обидот за атентат –

Два дена по повредата во обид за атентат, поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, се појави на републиканската национална конвенција во Милвоки, поздравен со громогласен аплауз и ентузијазам од неговите поддржувачи.

Трамп имаше завој на десното уво откога беше застрелан во саботата на митинг во Пенсилванија, а ова беше негово прво појавување во јавноста по атентатот.

При влегувањето на Трамп, неговите поддржувачи извикуваа „САД, САД“, „Борба, борба“ и „Го сакаме Трамп! со кренати тупаници алудирајќи на неговата реакција кога беше изведен од сцената откога беше застрелан во Пенсилванија, јавува Би-би-си.

„Изгледаше како Месијата лично да се симнал на Земјата“, беа само дел од коментарите за пречекот што го доби поранешниот претседател.

Драматична музика, публика во делириум, аниматор што му се восхитува на неговиот пркос и целата сала на нозе.

Како што пишува Би-би-си, многумина од публиката, и поддржувачи и делегати, имале солзи во очите.

Трамп застана и ја крена тупаницата во воздух, што го направи и по обидот за атентат.

Тој се појави на конвенцијата неколку часа откако републиканците официјално го номинираа за кандидат на претстојните претседателски избори.

Трамп на конвенцијата беше поддржан од своите клучни сојузници, вклучително и Џеј ди Венс и претседателот на Републиканскиот национален комитет, Мајкл Ватли.

Поддршка му дадоа поранешната британска премиерка Лиз Трас, сенаторот од Јужна Каролина, Тим Скот, членот на Претставничкиот дом, Весли Хант, гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, и други.

На републиканската конвенција Трамп беше официјално номиниран за републикански претседателски кандидат, а Венс за потпретседател.




4 views

Comments


bottom of page