top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ВИДЕО | Скандал на „Ју-Ес Опен“: Бесни навивачи сакаа да се пресметаат со Виктор Троицки

За една недела ќе започнат главните возбудувања на Ју-Ес Опен, меѓутоа тенисерите со послаб квалитет веќе играат квалификации за пласман на еден од најважните турнири.

Рано утрово се играше меч помеѓу Хамад Меџедовиќ од Србија и Борна Гоја од Хрватска во кој можеше да видиме инцидент. Имено, двајца американски навивачи помеѓу вториот и третито сет тргнаа да се пресметуваат со тренерот на Меџедовиќ, поранешниот 12. играч во светот Виктор Троицки.

Во инцидентот навивачот му се обратил со зборовите:

„Ова е Њујорк, не е твојата еб*на Србија“

Троицки кој е и селектор на српската репрезентација за Дејвис Купот успеал да остане ладе, а навивачите беа исфрлени од страна на обезбедувањето.



2 views

Comments


bottom of page