ВИДЕО | Сите го чекаа ова: Бијонсе со реклама на Супербол го најави новиот албум и објави две песни
13.02.2024 Februari Vtornik
Познатата пејачка Бијонсе предизвика неверување кај своите обожаватели кога се појави во реклама за време на Супербол, во која навести дека набрзо ќе го објави својот нов албум.
Таа во рекламата најави дека на 29 март ќе го објави долгоочекуваниот втор дел од „Renaissance“, а се чини дека новиот албум ќе биде кантри.„Во ред, тие се подготвени – пуштете ја новата музика. На сите ви кажав дека ‘Renaissance’ не е завршена“, вели таа на крајот од рекламата.
Таа на својот профил на Инстаграм го сподели и најавното видео во кое се наоѓа насловот на албумот и датумот на издавање, а кое достигна неверојатни два милиони прегледи. Има и билборд и регистарска табличка на автомобил со натпис „Texas Hold’Em“, што алудира на играта со карти, но и на насловот на новата песна.
Набргу потоа, Бијонсе ги објави нејзините две нови песни „16 Carriages“ и „Texas Hold’Em“ кои ги воодушевија сите нејзини обожаватели.
Видео плејер
Comments