(Видео) Синовите на Шакира пеат и свират на пијано во спотот за новата песна
Шакира објави нова песна со наслов Acróstico, а ѕвезди на спотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат со мајка им и свират на клавир. Спотот содржи серија клипови и фотографии кога биле бебиња. Таа им ја посвети песната на своите деца. „Милан оваа година напиша песни, кои ме доведоа до работ на солзи, а Саша поминуваше часови на клавир. И двајцата беа со мене во студио и кога ја слушнаа оваа песна посветена на нив, ме замолија да бидат дел од неа“, откри колумбиска ѕвезда во најновата објава на „Инстаграм“. „Милан и Саша, толку е убаво да гледам како ги ширите крилјата и почнувате да ги остварувате вашите соништа. Ништо не ме исполнува повеќе од тоа да бидам нивна мајка“, додаде таа. Фановите на Шакира повторно почнаа да го напаѓаат Жерар Пике и да ѝ испраќаат поддршка на пејачката. Инаку, Пике неодамна беше фотографиран на аеродромот во Мајами, каде што пристигна да ги посети синовите. Претходно месецов, тие се преселија во Мајами со својата мајка. Многумина забележаа дека поранешниот играч на „Барселона“ изгледа запуштено и дека качил неколку килограми.
Commentaires