ВИДЕО | Симон Трпчески: Горд сум што сум дел од македонскиот тим на Детска Евровизија
Вчера беше промовирана евровизиската песна „Животот е пред мене“ со која Лара, Јован и Ирина ќе нѐ претставуваат на годинашната Детска Евровизија.
Нивната песна „Животот е пред мене“ е дело на маестро Симон Трпчески, кој со објава на Фејсбук испрати поздрав до целиот евровизиски тим и потенцираше дека е горд што е дел од него.
„Поздрав од уште една прекрасна сала во Америка од Минеаполис, пред концертите со „Минесота оркестра“. Но, овојпат поздравот е до македонскиот тим за Јуниорскиот Евросонг со кој се гордеам и што сум дел. Поздрав и им посакувам голем успех на Лара, Јован и Ирина. Одиме на прекрасна дружба и одиме да испратиме една прекрасна порака до светот дека животот е пред нас. Одиме напред Македонија“, вели Трпчески во видеопораката.
Исто така, Трпчески објави и снимка на која ја изведува нашата евровизиска песна. За оние кои не знаат, тој ѝ татко на Лара, девојчето кое ќе нѐ претставува годинава.
Годинашното 20. издание на Детска Евровизија ќе се одржи на 11 декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.
Comments