(Видео) Седум статуетки за „Сè во исто време“, филмот е апсолутен победник на „Оскарите“
Научнофантастичната акција „Сè во исто време“ е апсолутен победник на годинешните „Оскари“ со седум златни статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм. Добивај вести на вибер Награден е во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), главна актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа. Церемонијата на годинешните „Оскари“ ја одбележа и големото враќање на Брендан Фрејзер, кој беше прогласен за најдобар актер. Брендан Фрејзер е најдобар актер за улогата во филмот „Кит“. Мишел Јео е и првата актерка со азиско потекло што ја добила оваа престижна филмска награда. Ова беше и прва номинација за Јео, актерка од Малезија, која има 60 години. „За сите момчиња и девојки што личат на мене и кои ме гледаат вечерва, ова е светилник на надеж и можност. Ова е доказ дека можете да сонувате и дека соништата навистина се остваруваат“, рече Јео за време на доделувањето на наградите додавајќи: „И, дами, никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека сте го поминале најдобриот период“. За најдобар филм на годинешните „Оскари“ беа номинирани: „Топ Ган: Маверик“ „Жените зборуваат“ „Банши на Инишерин“ „Триаголник на тагата“ „Фабелманс“ „Ништо ново на Запад“ „Аватар: Патот на водата“ „Елвис“ „Катран“
コメント