(Видео) „Сега или никогаш” нов сингл на бендот Fiction
Updated: Oct 6, 2021
04.10.2021 Oktomvri Ponedelnik
„Сега или никогаш” е најновиот сингл на бендот Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видеозапис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80тите години на 20 век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police. Истата е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали знае”. Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска. Fiction е рок бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиев.
Comments