top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Светска премиера на „Аватар 2“

Едно од продолженијата со највеќе одлагања во историјата на блокбастерите, „Аватар: Патот на водата“ конечно пристигна на големото платно. Потенцијалниот хит ја доби својата долгоочекувана светска премиера во вторникот во Лондон. Очите на филмофилите и филмскиот свет синоќа беа насочени кон британската метропола, каде што се прикажа „Аватар 2“, филм кој киносалите со нетрпение го очекуваат оваа година, надевајќи се дека конечно ќе ја заборават пандемијата и ќе заработат милијарди. „Аватар: Патот на водата“, во режија на Џејмс Камерон, ќе почне да се прикажува на големото платно во Франција во среда, на 14 декември, а два дена подоцна во САД, со тројна амбиција: – да биде подобар од првиот, кој постигна најголем успех во историјата на светските киноблагајни, – да покаже дека киното не е мртво, и, трето, да создаде серијал кој ќе биде легендарен исто како „Војна на ѕвездите“. 13 години по оригиналниот филм, кој заработи три милијарди евра, продолжението повторно се одвива на Пандора, светлосни години оддалечена од Земјата, во еколошки обоена научнофантастична приказна. Како и првиот, снимен е во 3Д формат и трае три часа и 12 минути. Заплетот на филмот се чува во тајност, но се знае дека треба да се открие ново племе на домородни вонземјани кои живеат во морето, со учество на ликовите од првиот дел, Џејк Сали (Сем Вортингтон), Нејтири (Зое Салдана) и нивните деца. Во филмот глуми и Кејт Винслет, четвртина век по „Титаник“, уште еден планетарен успех на Џејмс Камерон.





0 views

Comments


bottom of page