top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) „Свадбата на векот“: нов документарец за венчавката на Чарлс и Дијана

Updated: Jul 22, 2021

21.07.2021 juli Sreda

Во јули 2021 година се одбележуваат 40 години од венчавката на принцот Чарлс и покојната Дијана, принцезата од Велс, во 1981 година. Минатиот викенд во пресрет на официјалната годишнина на 29 јули беше објавен нов документарен филм на стриминг-платформата „Бритбокс“ (BritBox), кој вклучува внимателно реставрирани видеоснимки од историскиот ден. Во најавата за „Свадбата на векот“ – документарен филм на заедничкиот стриминг-сервис на Би-би-си и Ај-ти-ви – нараторката Анџела Рипон вели дека филмот потсетува на денот што го маѓепса светот и дека содржи нечуени приказни раскажани од оние што беа таму. „Кралските фанови ќе бидат особено возбудени кога ќе дознаат дека документарецот користи убаво реставриран оригинален филм од венчавката оживувајќи ја историјата како што никогаш порано не сте ја виделе“. Возбудливиот долгометражен документарен филм дебитира минатиот викенд на стриминг-платформата BritBox. Стримерот „Бритбокс“, заеднички потфат на Би-би-си и Ај-ти-ви, е британски одговор на „Нетфликс“.




0 views

コメント


bottom of page