(Видео) „Русокоса“ дебитира на Венецискиот филмски фестивал
- Aleksandar Santovski
- Sep 9, 2022
- 1 min read
Биографскиот филм за Мерилин Монро со Ана де Армас во главната улога е халуциноген поглед на контроверзниот живот на холивудската икона, велат критичарите, кои ги споделија првичните импресии од филмот, кој синоќа ја имаше светската премиера во Венеција. „Тоа е само луд сон“, шепоти Монро со својот глас на кукла во новиот филм „Русокоса“. Истото тоа може да се каже за често халуциногениот став на режисерот Ендрју Доминик за животот на трагичната ѕвезда. Заснован на книгата на Џојс Керол Оутс, филмот има импресионистички поглед на Монро – поточно Норма Џин, жената зад филмската ѕвезда. Често менувајќи помеѓу боја и црно-бело, Доминик ги извлекува сите трикови преку исцрпното патување од 166 минути, што до крајот ќе ве остави потрошени, велат критичарите. Сепак, тие се едногласни дека „Русокоса“ – премиерно прикажан на Фестивалот во Венеција пред да се појави на „Нетфликс“ на 23 септември – не ја доведува во прашање умешноста на Доминик додека се обидува да ја отвори кревката школка на Норма Џин. Филмот се движи хронолошки почнувајќи со нејзиното тажно детство без татко и насилната мајка алкохоличар, (Џулијан Николсон), која подоцна ќе биде примена во болница. Од таму таа се преселува во холивудските кругови во светот на мажите предатори, кои сакаат да ја стават на кауч за кастинг.



Comments