top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) „Ролинг стоунс“ својот прв настап во 2021 го посветија на Чарли Вотс

Легендарниот бенд „Ролинг Стоунс“ го одржа својот прв мини концерт по смртта на тапанарот Чарли Вотс. Настапот за загревање пред планираната турнеја се одржа на стадионот Massachusetts Gillette во Масачусетс во понеделникот, пред публика од околу 300 луѓе. Пејачот сер Мик Џегер настанот го посвети на тапанарот Вотс, кој почина минатиот месец на 80-годишна возраст. „Ова е потресна ноќ за нас, бидејќи е прва турнеја во последните 59 години што ја правиме без нашиот прекрасен Чарли Вотс“, рече тој. „На сите ни недостасува Чарли премногу. Ни недостига како бенд, ни недостига како пријатели – на сцената и надвор од неа.“ „Имаме толку многу спомени за Чарли и сигурен сум дека некои од вас што сте не гледале порано, имаат спомени за Чарли. И се надевам дека ќе го паметите како и ние.” Ѕвездата ги поведе присутните во скандирање на името на Вотс. Гитаристот Рони Вуд потоа го зеде микрофонот и изјави: „Чарли, ние се молиме за тебе и свириме за тебе“. На „Стоунс“ им се придружи на тапани Стив Џордан, музичар кој работеше со бендот од 1980-тите.



2 views

Comments


bottom of page