ВИДЕО | Роби Вилијамс го прекина концертот: Сè уште ги чувствува последиците од долгиот ковид
- Aleksandar Santovski
- Jun 20, 2023
- 1 min read
Роби Вилијамс беше принуден да го прекине концертот по само неколку песни, поради исцрпеност од долгиот ковид, пренесува „Дејли мејл“.
Пејачот и поранешен фронтмен на групата „Тејк дет“, во саботата настапи на музичкиот фестивал „Пинкпоп“ во Холандија. Но, пред да ја отпее својата песна „Monsoon“, побарал од својот бенд да направи пауза. Обожавателите на Роби, без сомнение, гледаа со страв додека ѕвездата тешко дише и се обидува да земе здив.
Вилијамс веднаш ѝ се извинил на публиката, објаснувајќи дека се чувствува исцрпено од последиците што ги има од долгиот ковид.
По кратката пауза, тој повторно ја започна песната „Monsoon“, а потоа изведе уште 16 хитови, вклучувајќи ги „Rock DJ“, „Kids“ и „Angels“.
Инаку, пејачот во изминативе неколку години двапати го прележал ковидот.
Во продолжение погледнете го видеото:


Comments