(Видео) Рајан Гослинг и Крис Еванс во акциониот трилер „Сивиот човек“
Откако Ентони и Џо Русо ги режираa Марвеловите Avengers: Infinity War („Одмазници: Војна на бесконечностa) и Avengers: Endgame („Одмазници: Завршница“) – два од петте филмови со најголема заработка на сите времиња – браќата беа релативно тивки. „Чери“, со Том Холанд, беше филм за Епл ТВ-плус во раните денови на оваа стриминг-платформа.
Но, со „Сивиот човек“, дрзок, забавен, ол-стар трилер заснован на книга од Марк Грини, браќата режисери се враќаат со спектакл на големото платно – иако гледачите ќе го гледаат на мал екран, за „Нетфликс“.
Рајан Гослинг го глуми ликот Контри Гентри, шпион за црни операции на ЦИА и поранешен затвореник кого Фицрој (Били Боб Торнтон) го регрутира за една мисија.
Џентри, висококвалификуван оперативец познат како Сиера сикс, е на терен кога открива дека неговиот шеф, Дени Кармајкл (Реге Жан Пејџ од „Бриџертон“), е далеку од тоа да им служи на најдобрите интереси на својата земја.
Џентри е во бегство низ Европа со инкримирачки докази во џебот, а Лојд Хансен (Крис Еванс), психопат платен убиец, добива задача да го пронајде. Негов единствен сојузник на теренот е способната агентка Дани (Ана де Армас).
„Сивиот човек“ ја имаше својата кинопремиера на 15 јули, а на „Нетфликс“ ќе биде достапен од 22 јули.
Comments