(Видео) Пофалби за најскапата ТВ-серија на сите времиња
Војната меѓу стриминг-платформите е највидлива во доменот на жанрот фантастика. Ејч-би-о ја објави „Куќата на змејот“ и заработи пари од ентузијазмот на фановите на „Игра на тронови“. „Нетфликс“ заврши добра работа со човекот од песок „Д’Сендмен“, но „Амазон прајм“ сега владее со сите нив. Рецензиите за „Господарот на прстените: Прстени на моќта“ прилично поволни. Критичарите се согласуваат дека серијата висока фантастика е достојна и впечатлива експанзија на Средната Земја на Џ. Р. Р. Толкин. Критичарите исто така се едногласни дека „Прстените на моќта“ (Rings of Power) е верен и неверојатен придружник на трилогијата на Питер Џексон кога станува збор за претставувањето на новите ликови и опкружувањето. „Прстени на моќта“, претходник на сагата на Толкин, наведе многумина да го користат популарниот некритички термин – одземање на здивот. За популарноста на серијалот филмови на Новозеланѓанецот Питер Џексон најдобро говори фактот дека „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“ го држи рекордот по бројот на освоени „Оскари“, заедно со „Титаник“ и „Бен Хур“, затоа што беше награден дури 11 пати. Rings of Power пристигнува 20 години по првиот филм и нè запознава со нови ликови, но и со помлади верзии на оние што првпат се појавија во оригиналната трилогија. Во првите 50 часа на серијата дејството се фокусира на создавањето на моќниот Прстен – проклетството на постоењето на Фродо во оригиналниот филм. Артефактот на моќта го создаде Саурон за да ги стави луѓето од Средната Земја под своја моќ, но со уништувањето на прстенот се уништува и неговиот творец. Во почетокот на светот, кога сè уште не постоело сонце, а имало светлина, немало зло во суштината на нештата. И додека „Куќата на змејот“ раскажува како „нема војна додека брат не удри брат“, „Прстените на моќта“ раскажува за кралицата од Лориен, борбената Галадриел (Морфид Кларк), чиј брат бил убиен од Саурон, оставајќи мистериозна трага на неговиот тело. И покрај мирот во Средната Земја, Галадриел верува дека злото е подготвено да се појави во секој момент, па затоа води неуморна потрага да го пронајде мрачниот господар Саурон. Иако таа и нејзините воини не успеваат, кралот на самовилите Гил-галад (Бенџамин Вокер) ги наградува за нивните напори испраќајќи ги во Валинор, каде што не постои збор за смрт. The Rings of Power има сè што љубителите на жанрот фантазија сакаат – долгокоса девојка стои на чистинка во бел фустан со желба за одмазда, мечеви, џуџиња и архаична борба помеѓу доброто и злото. Извонредно продуцирана серијата изгледа како Џеф Безос да ви го испорачува секој луксузен кадар навреме како посакуван Амазон-пакет. Секоја нова епизода од првата сезона на The Rings of Power ќе има премиера на неделно ниво. Некои духовито забележаа дека со сето она што го нуди ерата на играна продукција можеби е време да се измисли терминот ТВ-блокбастер.
Comentários