Search
ВИДЕО: Отстранет британски коментатор од Олимписките игри поради сексистичка порака
29.07.2024 Juli Ponedelnik
Боб Балард, британскиот коментатор, повеќе нема да известува од Олимписките игри во Париз поради непримерен коментар.
Пливачките од Австралија го освоија златниот медал во конкуренција на 4×100 метри слободно, а потоа следеше коментар кој се прошири на социјалните мрежи.
„Жените штотуку завршуваат“, додавајќи, „знаеш какви се жените… се дружат, се шминкаат“ – беа зборовите во текот на преносот.
Оваа сексистичка изјава многу брзо се прошири, па Еуроспорт веднаш реши да го суспендира.
Лизи Сајмондс, која беше со него во кабината, ваквата постапка ја оцени како „безобразна“.
– За време на еден сегмент од покривањето на Еуроспорт, коментаторот Боб Балард даде несоодветен коментар. Поради тоа, тој е отстранет од нашиот список за коментариње – се вели во соопштението на телевизијата.
Comments