top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Оние што сакаат да го гледаат новиот „Бетмен“, ќе мора да одат во кино

На големо задоволство на многу режисери што ја критикуваа нивната одлука, „Ворнер брос“ реши да ја ублажи најавената стратегија – филмовите од сопствената продукција да ги прикажува и во киносалите и на „Ејч-би-о макс“ во исто време. Нивниот план за 2022 година е да ги исполнат договорните обврски кон кината, агентите, актерите и режисерите и да ги прикажуваат нивните филмови исклучиво во кината до крајот на прикажувањето, без разлика каква ќе биде ситуацијата со пандемијата. Доколку решат да го прекршат договорот поради која било причина, ќе се соочат со тужби како таа на Скарлет Јохансон откако „Дизни“ реши да го пушти филмот на својата стриминг-услуга и со тоа значително да влијае на процентот што актерката требаше да го добие од продажбата на билети. Она што е важно за гледачите е дека филмовите на „Ворнер брос“, како „Бетмен“, „Флеш“, продолжение на „Аквамен“, „Блек Адам“ и „Лигата на супер миленичиња“, ќе може да се гледаат исклучиво во кино.



0 views

Comments


bottom of page