ВИДЕО | „Ова е многу непријатно“: Мадона повторно ги згрози луѓето со провокативен настап
Откако беше хоспитализирана во јуни годинава, поради бактериска инфекција, Мадона ја продолжи нејзината концертна турнеја „The Celebration“ оваа есен.
Иако е позната по своите провокативни настапи, еден момент од концертот во германскиот град Келн стана вирален на социјалните медиуми.
За време на нејзината изведба на песната „Papa Don’t Preach“, „кралицата на поп музиката“ и нејзината танчарка се појавиле на сцената во долна облека и почнале да се допираат по нивните интимни делови.
„Мене воопшто не ми се допаѓа ова. Како да ја гледам баба ми како го прави тоа“, „Дали и на оваа возраст има потреба да привлекува вакво внимание?“, „Жената има 65 години и многу ми е непријатно да се гледа“, се дел од коментарите.
Но, дел од нејзините обожаватели застанаа во нејзина одбрана.
„Јас имам 50 години и не се сеќавам што правев вчера. А, таа изгледа одлично“, „Луѓето треба да сфатат дека ова е уметнички перформанс“, пишуваат тие.
Како потсетување, Мадона беше хоспитализирана кон крајот на јуни годинава, а нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осеари ја потврди веста дека причината за неколкудневниот престој во болница била „сериозна бактериска инфекција“. Ова доведе до одложување на првиот дел од нејзинатаконцертна турнеја „Celebration“.
Comments