(Видео) Номинации за „Ајвор Новело“: Кејт Буш во трка за главната музичка награда
Running Up That Hill на Кејт Буш може да освои престижна награда за текстописец, и тоа 38 години по објавувањето.
Хитот од 1985 година повторно оживеа минатото лето кога се појави во хит-серијата на „Нетфликс“, Stranger Things.
По експлозијата на „Тик-ток“, оваа моќна песна се најде на првото место на топ-листите во Обединетото Кралство, а на Буш ѝ го донесе првиот топ-10 хит во САД.
Сега е во потесниот избор во категоријата „Најизведувана песна“ на доделувањето на наградите „Ајвор Новело“, кои слават извонреден текст и композиција.
Песната на Буш ќе се бори со неколку современи хитови, меѓу кои As It Was од Хари Стајлс, Heat Waves од „Глас анималс“ и две песни од Ед Ширан – Bad Habits и Shivers.
Наградата е признание за песна што изминатата година најчесто се пуштала на ТВ и радио и на концерти и диџеи-сетови. Bad Habits на Ширан ја освои наградата минатата година, а ова е првпат иста песна да биде номинирана во две последователни години.
Comments