(Видео) Новак Ѓоковиќ играше тенис со Шарлиз Терон, па се прегрнаа на теренот
07.03.3034 Mart Cetvrtok
Додека го чека првиот меч на Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ се посвети на тренинзите и слободните активности во САД.
Тој исто така играше на хуманитарниот тениски турнир Desert Smash каде и се придружи на актерката Шарлиз Терон. Тенисерот во еден момент ја прегрна познатата актерка.
„Шарлиз ме натера да се помачам, но претпоставувам дека тоа беше дел од тактиката. Беше чест да се биде дел од овој настан“, изјави Ѓоковиќ, пренесува магазинот Хола.
Имено, сите пари собрани од хуманитарниот турнир одат за здружението на Charlize Africa Outreach Project, кое им помага на младите во Јужна Африка.
„Јас сум од Јужна Африка и многу сум горда на тоа. Сакав да одржам врска со мојата земја, така што започнувањето на овој проект беше начин да им оддадам почит на сите организации кои прават неверојатна работа во Јужна Африка. Ние веруваме дека младите треба да бидат здрави и да се образуваат“, вели 48-годишната актерка.
Comments