top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Никол Кидман ја коментира серијата „Девет совршени странци“

17.08.2021 Avgust Vtornik

Не барајте од актерската екипа да ја опише „Девет совршени странци“ (Nine Perfect Strangers), нова ТВ-серија на „Хулу“, адаптација на најпродаваната книга на Лиан Мориарти за 2018 година. „Таа е толку трогателна и луда … Ве предизвикувам да прашате секој од нас во екипата за кој жанр станува збор. Немаме идеја”, им рече Никол Кидман на новинарите. Кидман води актерски тим кој ги вклучува Мелиса Мекарти, Боби Канавејл и Мајкл Шенон во приказната за девет богати луѓе под голем стрес кои се повлекуваат во еден далечен резорт. Серијата е делумно сатира за велнес индустријата. Кидман игра мистериозен гуру за добро здравје која ветува искуство што ќе им го промени животот на луѓето, користејќи неконвенционални методи кои одат подалеку од масажи и јога. Заплетот на серијата се одвива во луксузен центар за добро здравје, каде што девет луѓе доаѓаат на одмор, сите со надеж дека ова искуство ќе им го промени животот и ќе им помогне да се преродат. Снимена во рурална Австралија, мини-серијата од осум епизоди започнува на „Хулу“ в среда (18 август).




1 view

Comments


bottom of page