(Видео) Неверојатната Тејлор Свифт испиша историја: таа е првата уметница што четирипати освоила „Греми“
07.02.2024 Februari Sreda
На 66-тото доделување на наградите „Греми“ пејачката Тејлор Свифт влезе во историјата бидејќи стана првата изведувачка која четирипати ја освоила наградата „Греми“ за албум на годината со Midnights.
Мајли Сајрус ја освои наградата за плоча на годината за Flowers, Били Ајлиш ја освои наградата – песна на годината за What Was I Made For?, а аренби-пејачката и текстописец Викторија Мона ја освои наградата за најдобар нов изведувач.
SZA Featuring Phoebe Bridgers – Ghost in the Machine е прогласена за најдобро поп-дуо или група. Терон Томас е прогласен за текстописец на годината, а најдобар рап-албум е „Мајкл“ од Килер Мајк.
Тој ја доби и наградата за најдобра рап-изведба на годината, а најдобар кантри-албум беше Bell Bottom Country – Лејни Вилсон.
Што се однесува до рок-албумот, This is Why – Paramore е прогласен за најдобар, а за најдобра рок-изведба е песната Not strong enough – Boygenius.
Еве ги сите победници:
Албум на годината – Тејлор Свифт – Midnights
Плоча на годината – Мајли Сајрус – Flowers
Песна на годината – Били Ајлиш – What Was I Made For?
Најдобар нов изведувач – Викторија Моне
Најдобар поп-албум – Тејлор Свифт – Midnights
Најдобра поп-соло изведба – Мајли Сајрус – Flowers
Најдобар рок-албум – Paramore – This Is Why
Најдобар рап албум – Killer Mike – Michael
Најдобра рап-изведба – Killer Mike ft. Андре 3000 – Scientists & Engineers
Најдобра рок-изведба – Boygenius – Not Strong Enough
Најдобар кантри-албум – Лејни Вилсон – „Bell Bottom Country“
Најдобра кантри-соло изведба – Крис Стејплтон – White Horse
Најдобра поп-дуо/групна изведба – SZA со Фиби Бриџерс – Ghost in the Machine
Најдобра аренби-изведба – Коко Џонс – International Medical Aid
Најдобар албум, алтернативна музика – Boygenius – The Record
Најдобра изведба, африканска музика – Тајла – Water
Најдобра песна или носач на звук за визуелни медиуми (вклучува филм и телевизија) – Oppenheimer, Лудвиг Џорансон, композитор
Текстописец на годината, некласичен – Терон Томас
Најдобар албум, алтернативна музика – Boygenius – The Record
Најдобра изведба, африканска музика – Тајла – Water
Comments