top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Најемотивниот настап на „Оскарите“: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починат

(Видео) Најемотивниот настап на „Оскарите“: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди

Лени Кравиц имаше емотивен настап за време на сегментот In Memoriam на 95-тото доделување на „Оскарите“ во чест на ѕвездите што починаа изминатава година.

Настапот го најави Џон Траволта, кој се обиде да ги задржи солзите.

Но, во тоа не успеа, па низ солзи го најави Лени Кравиц, а особено го растажи споменот на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Брилјантин“.

Кравиц ја изведе Calling all angels, хит од 2004 година.

Зад него на сцената за време на баладата наизменично се менуваа фотографии од Кристи Али, Реј Лиота, Џулија Рајчерт, Ракел Велч и многу други.

„Тие ни ги допреа срцата. Знаеја да нè насмеат, беа наши пријатели, кои никогаш нема да ги заборавиме“, изјави Траволта со солзи во очите, пренесе „Нова.рс“.



1 view

Comments


bottom of page