Search
(Видео) Натали Портман сподели постер од „Тор: Љубов и молња“
Натали Портман во средата се огласи на социјалните мрежи за да го потсети Крис Хемсворт дека тој не е единствениот Тор. 40-годишната актерка на својот инстаграм-профил сподели постер од новиот филм за суперхерои, Thor: Love and Thunder („Тор: Љубов и молња“), на кој е прикажана во оклоп како ракува со чеканот на богот на громот. „Мислеше дека си единствениот… @chrishemsworth“, напиша Натали во описот на објавата за своите 7,6 милиони следачи. Оскаровката ќе ја репризира улогата на Џејн Фостер во претстојното продолжение, во кое ќе глуми и Крис (38). Таика Ваитити (46) е режисер и косценарист на филмот, продукција на „Марвел студиос“. Натали ќе го портретира Моќниот Тор, нејзиното ново алтер его.
Comments