(Видео) На деби-албумот на Иван Кукиќ, Sunday vibes, гостуваат Влатко Стефановски и Дадо Топиќ
15.07.2024 juli Ponedelnik
Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ, со наслов Sunday vibes, под закрила на „Кроатија рекордс“, конечно, ја здогледа светлината на денот.
Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови, „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е авторот што стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки; песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, Sunday vibes со Влатко Стефановски, Life of Jupiter со групата „Јупитер“, Music philosophy со Теодоси Спасов, Зрно наде со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.
Иван студира музичка продукција и дизајн на звук, а свири на дури шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти, компонира, аранжира и пее. Иако е многу млад, овој љубител на музиката често настапува во регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари.
Comments