top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Мундијалската песна што ја пееше Шакира пред 12 години и денес е апсолутен хит

По веста дека колумбиската ѕвезда Шакира нема да пее на отворањето на Светското првенство во Катар и дека наводно никогаш не била во преговори за настап, медиумите потсетија на нејзината песна Waka Waka (This Time for Africa), која беше официјална химна на Светското првенство во Јужноафриканската Република во 2010 година. Пред 12 години пејачката го отвори Мундијалот во Јоханесбург во ритамот на Wakа Wakа. Истата година песната на Шакира беше прогласена за најголем летен хит во изборот на Gazzetta dello Sport и Radio 105. На 26 јуни 2010 година песната дебитираше на 43. место на листата „Билборд хот 100“, што исто така е нејзина највисока дебитантска позиција. Следната недела се искачи на место број 38. „Имам силна врска со фудбалот од очигледни причини и навистина разбирам што значи Светското првенство за многу луѓе, вклучително и мене“, изјави пејачката во една прилика за медиумите кога сè уште беше во врска со фудбалерот Жерар Пике. Нејзината песна и ден денес е популарна, а досега на „Јутјуб“ е преслушана 3.2 милијарди пати. Неколку дена пред Светското првенство во Катар многумина се сетија на Wakа Wakа, па во коментарите под видеото осамнаа бројни пораки дека оваа песна го „обедини целиот свет и треба да се пее на секое првенство“.



0 views

Comments


bottom of page