(Видео) Морган Фриман не бил познат до својата 50-та година
Некои холивудски актери ја имаа привилегијата да стекнат слава на млада возраст, на самиот почеток на својата кариера. Сепак, тоа не е случај со холивудската легенда Морган Фриман, чија популарност ескалира дури кога наполни 50 години. Оскаровецот на 1 јуни го прослави својот 86. роденден, а напиша историја како актер што петпати бил номиниран за „Оскар“ и е прогласен за еден од најдобрите актери на својата генерација. Ѕвездата на култниот филм Shawshank Redemption („Бегство од Шошенк“) се прослави со многубројни блокбастери, како „Седум“, „Инвиктус“, „Семоќниот Брус“ и други, но славата ја стекна дури на 50-годишна возраст со првата голема филмска улога. Улогата со која ги воодушеви филмските критичари: Морган својата можност ја дочека во крими-трилерот „Стрит смарт“ од 1987. Филмот го следи новинарот Џонатан Фишер (Кристофер Рив), кој се бори да го задржи работното место во списание и измислува приказна за макро што има неверојатна сличност со реалниот макро Фаст Блек (Фримен), кој од новинарот бара да ги открие своите извори. Иако филмот не помина добро на киноблагајните, на Фримен му ја обезбеди првата номинација за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога. Тој ги воодушеви критичарите со својата изведба, а својот култен статус го потврди со улоги како: наредник Џон Ролинс во „Слава“ (1989) и Хок Колбурн во „Возејќи ја госпоѓица Дејзи“ (1989). Фриман доби „Оскар“ во категоријата најдобра машка споредна улога за филмот „Девојка од милион долари“ (2005).
Commentaires