Search
(Видео) Маратонец ја запроси девојка си на финишот од трката
Словакот Доминик Черни на Светското првенство во атлетика ја запроси девојка си Хана Буржалова. Откако ја заврши трката на 35 километри во брзо одење, на финишот ја дочекал и изненади девојка си со прстен во рака.
Двократниот словачки шампион трката ја заврши на 19-то место, додека Хана која е исто така двократна шампионка стигна дваесет и осма.
За потсетување, трката прв ја заврши Шпанецот Алваро Мартин кој освои златен медал. Мартин освои злато и на самото отворање на Светското кога заврши прв на трката од 20 км првиот ден.
Овој пат Шпанецот трката ја заврши со време од 2:24:30 пред Брајан Даниел Пинтадо кој истрча 2:24:34, и Масатора Кавано кој оствари време од 2:25:12.
Comments