ВИДЕО: Македонија има „минус два“ по првиот дел против Турција
- Aleksandar Santovski
- Jun 2
- 2 min read
02.06.2026 Juni Vtornik
Фудбалската репрезентација на Македонија заостанува со два гола на полувремето против Турција (2-0). Пријателскиот натпревар на стадионот на „Шукру Сарачоглу“ на кој настапува Фенербахче мина во знакот на домаќинот кој рано поведе и го диктираше темпото на случувањата.
Во однос на дуелот со Босанците селекторот Гоце Седлоски се реши за дури пет измени. Во стартниот состав се најдоа Фетаи, Деспотовски, Елези, Алиоски и Омерагиќ на местата на Муслиу, Јанкулов, Николов, Херера и Растодер. Од самиот старт селекцијата на Турција тргна офанзивно, па пречката од голот на Столе Димитриевски се тресеше уште во првата минута. Веднаш во следната акција домаќините стигнаа и до предност. По украдена топка и добра комбинација на десната страна Ајдин усфрли во срцето на шеснаесетникот, а таму се најде Оркун Кокчу кој рутински пласира во нашата мрежа за 1-0 по само шеесет и една секунда игра.
По примениот гол Македонија се ослободи од притисокот и се обиде да нападне. Првата закана за нашата репрезентација ја имаше Јани Атанасов со удар од околу 25 метри. Иако почнавме да доста посериозно на теренот во Истанбул, домаќинот искористи брза транзиција и во 16. минута поведе со 2-0. Голот беше дело на Чан Узун, откако доби добро одложена топка од Ерен Елмали и го матира Столе.
Во следниот период Македонија се консолидира, го задржа ривалот подалеку од својот гол, ама сериозно се мачеше во организацијата на нападите. Најзрелата шанса за гол ја имавме во 44 минута, акцијата почна преку Елмас кој префрли до Миовски, овој го пронајде Алиоски, но бекот се прекомбинира и неговиот удар со послабата десна нога го одбрани голманот Бајендир. Во продолжението на акцијата одбиената топка го погоди в рака Омерагиќ. Во судиското продолжение имавме и уште една можност откако Елмас доби тешка топка низ одбраната од голманот Димитриевски, ама не успеа да ја исконтролира најдобро и дефанзивецот го затвори навреме.






Comments