top of page

(Видео) Македонија го петардира Лихтенштајн 5-0 со победа за Македонија на Тодор Проески во Скопје

08.09.2025 Septemvri Ponedelnik

Фудбалската репрезентација на Македонија убедливо го победи аутсајдерот Лихтенштајн со 5:0. По мечот од петтата рунда од квалификациите за Светското првенство, Македонијаповторно се искачи на првото место во групата Ј.

На „Тодор Проески“ избраниците на Благоја Милевски од самиот почеток наметнаа доминација. Во 15. минута соло акција на Елиф Елмас, нанижа четворица противнички играчи и го постигна првиот гол на натпреварот.

Во вториот дел, македонските фудбалери спакуваа уште четири гола во мрежата на гостите.

Капитенот Енис Барди во 52. минута зголеми на 2:0, а само четири минути подоцна Дарко Чурлинов погоди за 3:0.Лирим Ќамили постигна гол во 82.минута, а во последната минута серијата ја затвори Лука Станковски, За нег ова е прв гол во дресот на Македонија.

Македонија има 11 бода од пет натпревари, Велс еден помалку, Белгија од три натпревари има седум бода, Казахстан е на три бода од четири натпревари, а Лихтенштајн е без освоен бод.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page