top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Луѓето незадоволни од химната на Мундијалот во Катар: „Шакира, врати се, ќе ти го платиме да


(Видео) Луѓето незадоволни од химната на Мундијалот во Катар: „Шакира, врати се, ќе ти го платиме данокот“ Два дена по објавувањето на химната на „Фан фестивалот“ во рамки на Светското првенство во Катар, реакциите не стивнуваат, а се чини дека навивачите не се пресреќни, па „на помош“ ја викаат Шакира, чии песни ги одбележаа претходните изданија на Мундијалот. лот не се импресионирани од песната Tukoh Taka во изведба на Малума, Ники Минаж и Мајријам Фарес, која ќе биде една од химните на Светското првенство во Катар. На социјалните мрежи тие го изразија своето незадоволство од песната и покрај нејзиниот весел тон и комбинација стихови на шпански, англиски и арапски. На хаштагот TukohTaka на „Тик-ток“ има безброј видеа на незадоволни корисници кои го споделија своето мислење, а многу од нив бараат да се врати Шакира, чија песна Waka Waka беше шампионската химна во Јужна Африка, а пејачката настапи и во 2006 година во Германија и 2014 година во Бразил. „Шакира, ќе започнеме кампања GoFundMe за твоето судење за затајување данок, само не дозволувај оваа Волмарт-верзија на ‘Токио дрифт’ да биде песна на Светскиот куп“, вели еден фан во виралното видео на „Тик-ток“. „Блискиот Исток имаше 10 години да направи неверојатна песна за Светското првенство и ова е резултатот“, напиша друг незадоволен корисник. „Шакира подобро да ги врати колковите на Мундијалот затоа што не можеме да го слушаме ова“, „Се извинувам во име на Блискиот Исток“, „Песната звучи како тетка ми да пее на свадба“, се дел од коментарите на незадоволни фанови. Шакира го потврдува својот статус на неприкосновена кралица на Светското првенство со тоа што по четврти пат беше повикана да настапи на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на 20 ноември. Таа ги растажи своите фанови откако го повлече своето име од списокот на изведувачи.




0 views

Comments


bottom of page