top of page
Search

ВИДЕО: Кошаркарите на САД убедливо славеа во дербито против Србија

29.07.2024 Juli Ponedelnik

Кошаркарската репрезентација на САД славеше над Србија на стартот на Олимписките игри со резултат 110:84 (25:20, 33:29, 26:16, 26:19).


Натпреварот се одигра пред околу 27.000 гледачи на стадионот „Пјер Моро“ во Лил.

Во следното коло избраниците на Светислав Пешиќ в среда од 17:15 часот ќе играат против Порторико, додека САД истата вечер ќе играат против Јужен Судан.

Тимот на САД го предводеа Дурент со 23 поени, Џејмс со 21, Холидеј со 15, Букер со 12 и Едвардс и Кари со по 11 поени.

Во српскиот тим Јокиќ постигна 20 поени, Богдановиќ 14, Добриќ 13, Мициќ 11, Аврамовиќ 10.

Американците имаа одлична шутерска вечер, погодија дури 18 тројки од 32 обиди, што е неверојатни 56 проценти. Србија погоди девет тројки од 37 обиди (24 отсто).



1 view

Comments


bottom of page