(Видео) Кијану Ривс се враќа како The One во возбудливото рестартирање на „Матрикс“
„Матрикс: Воскреснувања“ е четвртиот филм од научнофантастичната сага што почна со „Матрикс“ од 1999 година, а потоа продолжи со два нови во 2003 година. Осумнаесет години подоцна, „Воскреснувања“ го прави токму она што го кажува враќајќи ги ликовите од изумирање – главно Кијану Ривс или Нео – последен пат виден како го жртвува својот живот во обид да ја уништи матрицата (Matrix), глобална виртуелна реалност, која го поробува човештвото со години. Повеќето луѓе мислат дека Нео е мртов. Знам дека не е“, најавува русокосата Багс (Џесика Хенвик), која го отвора филмот. Багс ја предводи потрагата по Нео и таа, конечно, е блиску да го најде оној што го нарекуваат The One. Нео сега е повторно вклучен во Матрикс како некогашен хакер Томас Андерсон, овој пат во метапресврт, тој е дизајнер на видеоигри во Сан Франциско. Светската премиера на четвртиот дел од „Матрикс“, еден од најочекуваните филмови годинава, се одржа во Сан Францско минатиот викенд.
Comments