(Видео) Кијану Ривс изговори само 380 збора во новиот „Џон Вик“
Кијану Ривс е човек од малку зборови како што го прикажува новиот филм „Џон Вик: Поглавје 4“. Неговиот лик кажува само 380 збора во тричасовниот филм, според извештајот на „Волстрит џурнал“. Долгоочекуваното продолжение на сагата за одмаздникот Вик пристигна во кината и ги воодушеви критичарите и публиката, а сега излезе и оваа интересна информација, која го изненади фановите. Имено, иако филмот трае речиси три часа, поточно 2 часа и 49 минути, Ривс изговара само 380 збора во целиот филм, пишува „Волстрит џурнал“. Режисерот на филмот, Чад Стахелски, изјавил дека тоа е самостојна одлука на актерот кој решил да скрати приближно половина од дијалогот напишан за неговиот лик во оригиналното сценарио. Како пример, Стахелски ја истакна сцената во која Џон Вик разговара за двобој со негативецот Маркиз де Грамонт. Ривс одлучи да исече 50 проценти од дијалогот од сцената за да го намали на што е можно помалку зборови, како „пиштоли“ и „без милост“. „Наместо елоквентни монолози, актерот сакаше да го пренесе значењето преку говор на телото и микроизрази на лицето. Тој е мистериозен, а мистеријата ѝ овозможува на публиката да ги пополни празнините“, изјави режисерот. „Шокантно е да се види колку е посветен на тишината кога работите со него“, додаде Мајкл Финч, еден од сценаристите на филмот. Помалку разговор, повеќе акција – интересно е тоа што во првиот филмот од серијалот, кој е многу пократок и трае 101 минута, Ривс проговори вкупно 484 збора, а во четвртиот дел одлучи да зборува уште помалку. Инаку, неговата најдолга непрекината реплика во филмот е: „Јас и ти го оставивме добриот живот одамна зад нас, пријателе“. Иако малку зборува, Ривс наводно заработил 15 милиони долари за да го сними новиот Џон Вик, што значи дека бил платен 39.473 долари за секој изговорен збор. Четвртиот дел од акционата сага на Чад Стахелски имаше буџет од 100 милиони долари. Се најде на првото место во 71 земја и досега, од неговата премиера на 23 март, има заработено 137,5 милиони долари на глобално ниво.
Comments