(Видео) Кејти Пери прошета на Страдун во Дубровник, фановите воодушевени
На „Тик-ток“ осамна видео „Дали ја видовте Кејти Пери во Дубровник?“, на кое се гледа како музичката ѕвезда шета на познатата улица во хрватскиот град. Видеото го сними и го сподели нејзин фан. Додека музичката ѕвезда беше на разгледување знаменитости со својот партнер Орландо Блум и со блиските пријатели Џеф Безос и неговата свршеница Лорен, како и пејачот Ашер, околу неа почнаа да се собираат фанови и да ја фотографираат. „Еј, Кејти“, се слуша како викаат, но пејачката не реагира. Всушност, се чини како да не ужива претерано во вниманието на Страдун. Сепак, тоа не го намали ентузијазмот на корисниците на „Тик-ток“, кои беа воодушевени од видеото. „Би умрел да ја сретнам“, „Таа е преубава“, „Замисли да ја запознаеш Кејти Пери во Дубровник“, „Таа беше со мене во авионот од Минхен за Дубровник“, напишаа воодушевените фанови. Сепак, имаше и такви што забележаа дека Кејти не го дели нивниот ентузијазам. К „ги остави на seen“ кога викаа по неа: еј, Кејти, се пошегува еден корисник на сметка на нејзината рамнодушност кога извикуваа по неа: здраво, Кејти. Таблоидите потсетуваат дека Кејти е во Хрватска на јахтата на Безос вредна 500 милиони долари. Пред Хрватска беа во Грција и Италија.
Comments