(Видео) Кан 2022: Рецензии за јужнокорејскиот трилер „Лов“, режисерско деби на ѕвездата на „Сквид ге
Иако е ѕвезда речиси 30 години во јужнокорејските филмови, Ли Јунг-јае неодамна стекна меѓународна слава на сосема друго ниво како ѕвезда на телевизискиот феномен „Сквид гејм“. Oва ќе го зголемат интересот за Hunt („Лов“), филм во кој тој не само што глуми туку е и продуцент, косценарист и режисер, филм кој штотуку ја имаше својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал. Добивај вести на вибер Воведните рецензии за овој шпионски трилер, кој беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал минатиот четврток, нудат необична спротивставеност. Режисерското деби на Ли ја фикционализира корејската историја и уфрла двојни агенти, закопани тајни и многу скршени раце. „Првата карта во филмот на Ли Јунг-јае укажува дека ова е измислена приказна и каква било сличност со вистински личности итн. Но, веднаш потоа следуваат неколку карти што ја прикажуваат политичката историја на Јужна Кореја во 70-тите и 80-тите: воениот удар во 1979 година по атентатот на претседателот и како лидерот инсталиран од тој пуч на крајот ја презеде претседателската функција и почна репресии врз печатот и сите што не се согласуваа со него“, пишува Стив Понд, уредник на TheWrap и автор на бестселерот на „Лос Аџелес тајмс“ за валканите зделки зад сцената на „Оскарите“. Почнува со осуетен обид за атентат на новиот претседател, при што атентаторот е убиен додека вика: „Само следев наредба!“, вели Понд. „Значи, што е Hunt? Измислена приказна или тенко прикриена приказна за тоа што се случи откако новиот претседател, кој е неименуван во филмот, дојде на власт?“ „Клучот, можеби, е да не се грижите за секој детаљ и да му дозволите на овој возбудлив филм да ве вози“. Ли го потретира Парк Пјонг-хо, офицер од највисок ранг во Корејската централна разузнавачка агенција (КЦИА). По неуспешниот обид да донесе пребегнат севернокорејски нуклеарен научник, тимот на Парк е осомничен дека бил инфилтриран од крт испратен од Пјонгјанг. Рецензиите во „Саут Чајна морнинг пост“ се доста поинакви од оние на западните критичари. Според авторот на текстот во весникот, филмот на Ли Јунг-Јае e бомбастичен и конфузен. „Hunt ќе остане запаметен како филм што во своите фанови ќе ги вброи зависниците од историја и љубителите на хардкор акциони филмови. А за сите други, шпионскиот трилер на јужнокорејскиот актер и ѕвезда на Squid Game, Ли Јунг-Јае, е претерано бомбастичен и конфузен“. „Во својство на продуцент, режисер и член на актерскиот тим, Ли се чини пеколно наклонет да ги исфрли сите историски референци, заглушувачки пиротехнички средства или наративни пресврти што може да ги донесе на екранот и да види што ќе остане“. „За жал, нема многу. ‘Лов’ на крајот е соборен од своето неуредно раскажување на приказната, што ќе ја збуни меѓународната публика – како оние што го гледаа филмот на Канскиот филмски фестивал минатата недела – без основно разбирање за политичката ситуација во Јужна Кореја во доцните 70-ти и раните 80-ти кога е поставено дејството на филмот“. Извлечен од разни историски инциденти од реалниот живот – како што е атентатот на авторитарниот владетел Парк Чунг-хи од страна на неговиот сопствен супершпион во 1979 година и обидот за убиство на Чун во Бурма во 1983 година – „Лов“ е најнов во долгата низа филмови кој се обидува повторно да се осврне на овој трауматичен период од историјата на Јужна Кореја.
Comentários