top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(ВИДЕО) Камилоски со нов сингл „Да си моја ти“: спотот е направен во Галичник

Пејачот Павле Камилоски, попладнево, на јутјуб-каналот ја објави својата петта по ред авторска песна „Да си моја ти“. Испеана е во модерен поп стил со примеси на фанк. Текстот е на Наташа Миха, која се појавува и како придружен вокал, а музиката на Дамир Пух. Во спотот се појавува балерината Никита Саботниковска, а голем дел од него е снимен во Галичник. „Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“, вели Камилоски. Тој е познат на јавноста по предновогодишните концерти. Оваа година концертот е закажан во МНТ на 15 декември со почеток во 20 часот.



2 views

Comments


bottom of page