top of page

(Видео) Италија ја избра својата песна за Евровизија и веднаш се најде на прво место на обложувалниц

Updated: Feb 9, 2022

08.02.2022 Februari Vtornik

Синоќа се одржа финалето на 72. издание на култниот натпревар на италијанска музика, фестивалот „Санремо“, а победата во тензично финале ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Бривиди“. Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодишниот Евросонг што ќе се одржи во мај во Торино, благодарение на минатогодишната победа на Манескин. Песната „Бривиди“ веднаш стана фаворит на букмејкерите за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија, но важно е да се напомене дека досега се познати само девет песни кои годинава ќе ги слушнеме на евровизиската сцена.


 
 
 

Comentários


bottom of page