top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Ивона Јо шокира со новиот спот за песната „Друго“


15.02.2024 Februari Cetvrtok

Да се чувствувате добро во своја кожа, да се прифатите сами себе, да се сакате, за да можете да ги сакате и оние околу вас, но и да им бидете поддршка. Токму вака Ивона Јо ги опиша своите мисли кои ја водеа низ создавањето на нејзиното ново музичко парче.

Ивона Јо на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Друго“.

Ивона ќе каже дека „Друго“ е почеток на една нова ера и песна на која напорно се работеше 6 месеци. Како композитор и аранжер се потпишува Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова, режијата пак на Мартин Трајановски, а камерата и видео монтажа на Били.

„Откако ја слушнав друго, веднаш ми влезе под кожа. Би кажала дека песните се појавуват во нашите животи тогаш кога сме подготвени за истото. „Друго“ е почеток на една нова ера. Треба да научиме дека нам ни треба само љубов за да опстоиме во оваа средина и општество, затоа што кога имаме љубов и убава енергија, се останато си доаѓа само по себе. Оваа песна се појави во вистинско време, во време кога кон почетокот на оваа година го допрев своето дно, период за кој се уште не сум подготвена да зборувам, но после тој ден свртев нова страница и од тој ден почнав буквално нов живот. Многу сум среќна што успеавме за скоро еден месец, заедно со мојот пред се пријател, а потоа соработник Мартин Трајановски да го подготвиме овој проект и да го претставиме во оваа верзија, со ваков видеозапис“, вели Ивона, која сега слободно може да каже дека го има својот внатрешен мир, стекнат по многу животни бури.

Во новиот видеозапис Ивона Јо се појавува во издание во какво ретко ја гледаме. Провокативна, обвиена со змија и сцени кои оставаат без здив.

„Во спотот ја гледаме змијата како главна улога заедно со мене. Сакав да ја вметнам бидејќи змијата претставува симбол на сила и промена. Таа како што расте, ја менува својата кожа и нарав, па така и јас, како растам и како созревам, јас сум друг човек и ја менувам својата кожа. Змијата е ставена токму поради тоа“, додаде Ивона




11 views

Comments


bottom of page