top of page
Search

ВИДЕО | Ивона Јо објави видеоспот за новата песна: Слушнете ја „Тие очи“

30.07.2024 juli Vtornik

По само 4 месеци од објавувањето на песната „Друго“, нашата пејачка Ивона Јо реши на македонската јавност да ѝ подари уште едно музичко парче.

„Тие очи“ е насловот на новата песна, која воедно е и втор сингл на Ивона за оваа година. Ова е модерна поп-песна со побрз ритам, соодветна за топлите летни денови.„Пресреќна сум што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас. Знам дека со секоја песна сум чекор поблиску до вашите срца“, вели Ивона.

Песната „Тие очи“ доби и видеоспот кој е под режисерската палка на Мартин Трајановски, снимен во прекрасниот Охрид, со талентираниот Стефан Биков, а како огромно изненадување за сите нас, позади текстот се потпишува Тамара Волческа – девојката која дефинитивно ги пишува најубавите текстови. Музиката е на Зокс, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов.„Тие очи ми го осветлија патот. Тие очи ме милуваа секогаш кога немав ништо за себе. Тие очи ме направија сакана. Тие очи ме сакаа. Пронајди ги и милувај ги ‘твоите очи’”, додаде Ивона.

Видеоспотот за песната веќе е достапен на Јутјуб.



0 views

Comments


bottom of page