top of page

Видео и Фото од повеке портали Гори „Нулта отпад“ во Трубарево: Огромен чад го прекри Скопје Maкедонија со сите населбит Аеродром Мадџари Хиподром и цел град се гуши од овој опасен отпад на батерии

13.09.2025 Septemvri Sabota

Црн чад се издигнува над главниот град и предизвикува вознемиреност кај жителите, откако денеска избувна голем пожар во фирмата „Нулта отпад“ во селото Трубарево.

Граѓаните алармираат дека чадот е видлив од повеќе скопски населби, а според првичните информации станува збор за фабрика за пластични материјали.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е пријавен во „Нулта отпад“, но нагласи дека повеќе детали ќе бидат соопштени дополнително.

Надлежните служби се очекува да излезат со повеќе информации за состојбата и можните последици.

ree
ree
ree

преземено одhttps://makfax.com.mk

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.

ree

„Како во Кочани!“ – О2 алармира за складирање отпад во штала во населена улица во Трубарево

О2 иницијатива реагираше по повод пожарот што денеска избувна во скопското село Трубарево, нагласувајќи дека местоположбата и условите каде што се складира отпадот се недозволиви и опасни.

Од иницијативата алармираат дека чадот од пожарот се шири над Скопје и дека станува збор за складиште со електронски и електричен отпад, сместено во штала во населена улица:

„Како во Кочани со дискотеката! И тоа во населена улица! Добро бе, има ли некој нормален во државава?! Има ли некој што спроведува стандарди и почитува правилници?!“, стои во реакцијата.

Тие додаваат дека жителите на Трубарево со години се жалат дека улицата им е претворена во депонија, откако носачи на отпад од различни делови на земјата го оставаат таму, загадувајќи ја средината.

Во јавноста првично беше објавено дека пожарот избувнал во капацитетите на фирмата „Нула Отпад“, но подоцна стана јасно горат објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад

ree

Пожарот во Трубарево сè уште активен – градоначалници на терен, граѓаните најавуваат блокади

ree

Големиот пожар во Трубарево и вечерва е активен, а на терен се градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, кои заедно со екипите на Противпожарната служба и МВР се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија.

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека сите расположливи ресурси се ангажирани.

„Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган. Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување. Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека „ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје“.

Паралелно, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави нови протести.

„На ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот ‘Близнаци’ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и сè поголемото труење кое му се прави на овој народ,“ стои во соопштението на движењето.

Пожарот во Трубарево предизвика сериозни реакции кај граѓаните а барањата за брза и ефикасна интервенција се сè погласни.

ree
ree

Од Сител телевизија преземено

Не е измерена радијација во Трубарево по пожарот во рециклаторниот центар на „Ф-Групација“, а во непосредна близина е измерена висока концентрација на штетни супстанци, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Опасен отпад денеска гори во рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков електронски отпад. Пожарот почна денеска околу 13.30 часот во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти.

Тошковски рече дека припадници на Министерството за внатрешни работи  (МВР) се на терен и им препорачуваат на жителите кои се во радиус од 150 метри од центарот на пожарот, да ги напуштат своите живеалишта. Обезбедени се 450 легла во Центарот за обука во Идризово за оние жители кои немаат каде привремено да се сместат. Според мерните единици на специјалната единица на Министерството за одбрана, на 200 метри од центарот од пожарот загаденоста е ниска, а на 400 метри нема загадување.

Министерот рече дека пожарот е локализиран, но уште е активен и се гаси со ситен песок. Во полициска станица, по насока на јавен обвинител, во тек се разговори со три лица од компанијата, управители и сопственик.

Претходно, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг горлив материјал.

„Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад ќе го изолираме и ќе го гасиме со песок“, кажа Ангелов.

Од Министерството за здравство соопштија дека, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбедиле 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва се бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.

„Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.

Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.

На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба“, соопштија од Министерството за здравство.

Како што предупреди граѓанската инцијатива „Шанса за центар“ на својата официјална фејсбук страница, кога горат литиум-јонски батерии, најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (ХФ), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето ако е во затворен или полузатворен простор. Според Европската агенција за хемикалии (ЕЦХА), ХФ е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај ХФ, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре, како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (ЦО₂), јаглерод моноксид (ЦО), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.

Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјали како олово (Пб), кадмиум (Цд), хром (Цр), никел (Ни), бакар (Цу) и цинк (Зн) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи. Дополнително, литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени, зависно од јачината) дури прават и мини експлозии.

Батериите при складирање пред рециклирање се неутрализираат и има посебни мерки за заштита како и обуки на вработените.

При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на ХФ-хидроген флуорид.

  • СИТЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ НА ТЕРЕН, ВЕЛИ ВЛАДАТА ПО ИЗЈАВАТА НА АНГЕЛОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е МЕТА НА ХИБРИДЕН НАПАД СО ОПАСНИОТ ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО

    Преземено Видео од Infomax.mk

    ree
    ree
    ree

    Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

  • Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф – Групација“ во Скопје, каде што се складира електронски отпад, е намерно подметнат и претставува хибриден напад врз државата.

    Ангелов објасни дека пожарот зафатил два производствени погони во кои имало и пластика. Огнот делумно се проширил и кон уште два соседни објекти каде што е складирана поголема количина на пластичен отпад.

    „Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече Ангелов.

    Директорот на ДЗС соопшти дека нема повредени, а побарана е помош од соседните противпожарни единици. Дел од пожарникарите се во црниот чад со заштитни маски.

    Рече дека сите ресурси се насочени кон овој пожар, на терен дејствува ер-тракторот, хеликоптерите на МВР и АРМ, хермелин, пожарникари…

    Тој нагласи дека пожар од ваков обем не може лесно да се запали и дека не е случаен:

    „Ова е хибриден напад врз државата, бидејќи во краток временски период се случија повеќе тешки пожари што предизвикуваат огромно загадување на воздухот во Скопје – Вардариште, Дрисла, депонијата во Шуто Оризари и денес оваа фабрика. Мета сме на хибриден напад, а за мотивите можеме само да погодуваме.“

    Ангелов додаде дека Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителите и упати апел до граѓаните: „Секое сомнително однесување, лица со туби, особено околу вакви објекти, веднаш пријавете ги на бројот 112 или во најблиската полициска станица.“

    ree
    ree
ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page