top of page

ВИДЕО: „Земјо македонска“ ечи за Македонија, навивачите не се штедат

Updated: Apr 1, 2022

29.03.2022 Mart Vtornik

Македонската навивачка група полека се собира во Порто, каде Македонија ќе се надигрува со Португалија, во обид да стигне до историски пласман на Светското првенство во Катар. Македонски песни, знамиња и други реквизити се дел од атмосферата низ улиците во Порто. Најавена е пеколна атмосфера на „Драгао“, која ќе трае цели деведесет минути. Македонските навивачи се надеваат дека тие ќе слават на крајот од натпреварот, како што беше случајот пред пет дена во Палермо. Натпревар започнува во 20:45 часот, а влогот ќе биде голем за двете репрезентации. Португалија игра за шесто учество на Светско првенство во низа, а Македонија посакува деби на светскиот собир во Катар.






 
 
 

Comentarios


bottom of page