top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ВИДЕО | Емотивната Селин Дион се огласи по настапот на Олимпијадата што ја расплака планетата

29.07.2024 juli Ponedelnik

Светската музичка ѕвезда Селин Дион се огласи на социјалните мрежи по нејзиниот историски настап кој ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз.


„Чест ми е што настапив на церемонијата на отворањето на Париз 2024 година и многу сум среќна што се вратив во еден од моите омилени градови! Најмногу од сè, многу сум среќна што можам да ги поддржам овие неверојатни спортисти, нивната пожртвуваност и одлучност. Сите сте толку фокусирани на својот сон и без разлика на тоа дали дома ќе однесете медал или не, се надевам дека веќе со самото тоа што сте тука значи дека ви се остварил сонот! Сите треба да бидете многу горди, знаеме колку напорно работевте за да бидете најдобри од најдобрите. Останете фокусирани, моето срце е со вас“, порача Селин преку својот профил на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, Селин Дион пееше од Ајфеловата кула, а ја изведе песната на француската пејачка Едит Пјаф „L’Hymne à l’amour“.


Последен пат настапи во 2019 година, а потоа објави дека боледува од синдром на вкочанета личност, поради што повеќе не излегува во јавност.

Во документарниот филм кој неодамна излезе таа покажа како се подготвувала за овој настап.

„Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам. Но, нема да престанам“, рече Селин.„Имам два избора. Или ќе тренирам како спортист или ќе се исклучам, ќе останам дома, ќе си ги слушам песните и ќе си пеам самата на себе. Ја избрав борбата, сакам повторно да го видам Париз“, изјави таа неодамна за француското издание на „Вог“.


1 view

Comments


bottom of page