(Видео) Ем-ти-ви го принудил „Фејтлес“ да менува текст од најголемиот хит
Фронтменот на легендарниот британски бенд „Фејтлес“, Максвел Фрејзер, попознат како Макси Џез, кој почина на 66-годишна возраст, еднаш откри дека бендот морал да го смени текстот на нивниот најголем хит „Инсомнија“ на барање на Ем-ти-ви. „Првиот стих: Deep in the bosom of the gentle night (длабоко во градите на нежната ноќ), не е мое цитирање на Дилан Томас. Тоа ни беше наметнато од Ем-ти-ви затоа што мислеа дека оригиналниот прв ред е: I only smoke weed when I need to (пушам трева само кога треба) е премногу сликовит“, изјави тој за „Гардијан“ во една пригода. „Расправии имаше и за текстот: водење луда љубов со моето девојче… кинејќи хулахопки со заби… но, успеаја да останат“, додаде музичарот. Треба да се напомене дека иако радиоверзијата е снимена со изменет текст, постои подолга верзија на песната, која почнува со оригиналниот текст за пушење марихуана. „Текстот е од лично искуство. Не страдав од несоница, само имав апсцес на забот. Беше толку болно што ме држеше буден“. Текстот за тоа како нема струја и посегнува по молив во мракот исто така е од реалниот живот. „Често снемуваше струја, па пишував на свеќи“, го објасни Џез текстот на познатата песна.
Comentarios