top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) „Еден за друг би убиле, ако сме заедно, би полуделе”: Мартија Станојковиќ ја објави „Феномен“

07.11.2024 Noemvri Cetvrtok

Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни своите следбеници на социјалните мрежи со неколкуте фотографии кои ги објави.

Мартија позираше со гол грб на кој беа испишани неколку различни реченици, но без да прецизира која е причината за тоа.

Но сега е веќе се јасно. Мартија на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Феномен“ и наиде на бура од позитивни коментари.

Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.

„Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната“, истакна младата пејачка.



0 views

Comments


bottom of page