(Видео) Ед Ширан снима документарна серија за „Дизни плус“
Ед Ширан е подготвен да ги пушти фановите внатре, како што вели, со нова документарна серија во продукција на „Дизни плус“. Документарецот со оригинален наслов Ed Sheeran: The Sum Of It All ќе има четири епизоди и ќе биде достапен глобално од 3 мај. Ќе содржи интервјуа со неговата сопруга Чери Сиборн, снимки од настапи и досега невидени клипови од личната архива на 32-годишната ѕвезда. „Отсекогаш сум бил претпазлив во мојот личен и приватен живот, единствениот документарен филм што некогаш сум го снимил беше оној за моето пишување песни“, рече британскиот хит-мејкер. „Дизни“ ми пријде за да сними документарна серија од четири дела и се чинеше дека е вистинско време да ја отворам вратата и да ги пуштам луѓето да влезат. Се надевам дека луѓето ќе уживаат“. Најавата за серијата открива дека го следи Ед откако ќе ја дознае веста што му го менува животот и ќе ги открие сите тешкотии и триумфи во текот на најпредизвикувачкиот период од својот живот. Секоја од четирите епизоди има посебен наслов: „Љубов“, „Загуба“, „Фокус“ и „Рамнотежа“.
Comments