top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Ед Ширан сакал Џеј Зи да напише стих за Shape of You, но раперот го одбил

Ед Ширан откри дека Џеј Зи одбил да соработува за неговиот голем хит Shape of You, кој освои „Греми“ во 2017 година. Британската ѕвезда во интервју за магазинот „Ролинг стоун“ рече дека сакал славниот хип-хоп музичар да му напише рап-стих, но Зи не ја прифатил понудата. „Бевме во контакт. Му ја испратив песната, а тој рече: „Мислам дека на песнава не ѝ треба рап-стих“, раскажа Ширан и додаде: „Веројатно беше во право. Тој има многу, многу добро уво“. Во интервјуто Ширан го пофали раперот објаснувајќи дека го одбил со многу почит“. Во истото интервју, Британецот, кој е татко на две деца, рече дека сака да забави со турнеи за да поминува повеќе време со нив. „Не сакам моите деца да ги школувам дома“, рече тој и додаде дека е изводливо, на пример, да одржи концерт во Франкфурт во сабота навечер и веднаш да се врати дома. Ширан сними документарна серија за својот живот, во која раскажува за болеста на сопругата и смртта на својот најдобар пријател. Тој се расплака потсетувајќи се на болните моменти.



1 view

Comments


bottom of page