(Видео) Ед Ширан победи во битката за авторски права на Thinking Out Loud
Ед Ширан не ја плагирал песната Let’s Get It On на Марвин Геј кога ја компонирал Thinking Out Loud, пресуди американскиот суд. Добивај вести на вибер Британскиот кантавтор негира дека украл елементи од песната на Геј за својот мегахит од 2014 година. Наследниците на коавторот на песната на Геј тврдеа дека Ширан, „Ворнер мјузик груп“ и „Сони мјузик паблишинг“ им должат пари за кршење на авторските права. Ширан наводно на судењето во Њујорк изјавил дека доколку биде прогласен за виновен, ќе се откаже од својата музичка кариера. „Ако тоа се случи, јас завршувам, ќе престанам“, рече тој на прашањето како влијае судењето на него и како се чувствува, пренесува Би-би-си. Во текот на граѓанската парница во федералниот суд на Менхетн, Ширан пееше и свиреше делови од Thinking Out Loud на гитара. Тој рече дека ја напишал песната дома во Англија со пријателката Ејми Веџ и дека бил инспириран од своите баба и дедо и од новата романтична врска, која штотуку ја почнал. Адвокатката на Ширан, Елин Фаркас, им кажа на поротниците дека сличностите во прогресијата на акордите и ритмите на двете песни се букви од азбуката на музиката. „Тоа се основни музички градбени блокови, кои текстописците сега и засекогаш мора слободно да ги користат или сите ние што ја сакаме музиката ќе бидеме посиромашни“, рече таа.
Comments