top of page

(ВИДЕО) Довидување Париз Франција: Затворени летните Олимписки игри 2024 фото и видео

12.08.2024 Avgust Ponedelnik

Со свечена церемонија синоќа 11.08.2024 Август Недела,официјално завршија Олимписките игри во Париз. Олимпиското знаме синоќа беше спуштено од јарболот и предадено на градоначалничката на Париз, Ан Идалго која му го предаде на претседателот на МОК, Томас Бах, кој пак ѝ го предаде на на градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Потоа следеше химната на Соединетите Американски Држави каде во 2028 година од 14 до 30 јули ќе се одржат следните Олимписки игри.

ree

Шоуто, се разбира, го украде актерот Том Круз. Многумина мислеа дека во Париз се подготвува за снимање на филм, но нему му припадна и честa да ги затвори Олимписките игри.

ree

Toj се спушти помеѓу спортистите и го зеде олимпиското знаме, а потоа како сцена од филмот „Невозможна мисија“, безбедно, чувајќи го низ многу перипетии, го однесе знамето во САД, во претходно смимена секвенца, каде се спушти со падобран и му го предаде на легендарниот спортист Мајкл Џонсон за следните Олимписки игри.Акробациите на Том Круз (62) во живо на стадионот ги виделе илјадници луѓе, а милиони ширум светот.Неговиот настап се одржа при крајот на церемонијата, а неговото бомбастично појавување всушност ја претставува транзицијата на Олимписките игри од Париз во Лос Анџелес и настап на Били Ајлиш, Снуп Дог и Ред Хот Чили Пеперс.

ree
ree
ree
ree
ree
ree


Цело видео од затварањето на олимписките игри во Парис Франција 11.08.2024 Avgust Nedela

 
 
 

Comments


bottom of page