top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Даниел Крег и Кејт Хадсон во првата рекламна снимка за „Нож во грб 2“

„Нетфликс“ ја објави првата рекламна снимка на долгоочекуваното продолжение на Knives Out („Нож во грб“) со Даниел Крег и Кејт Хадсон во главните улоги, а кој се снимаше во текот на летото во Грција. Во четвртокот стриминг-платформата сподели седум секунди снимка од претстојната мистерија за убиство, напишана и во режија на Рајан Џонсон. Во клипот, сместен меѓу неколку кратки објави за други филмови, кои треба да се појават на платформата оваа година, може да се види како Крег се подготвува да се качи на јахта. Дејв Батиста, Едвард Нортон, Џенел Моне, Кетрин Хан, Лесли Одом Џуниор, Медлин Клајн, Џесика Хенвик и Итан Хок се во актерскиот тим на многуочекуваниот филм.



4 views

Comments


bottom of page